Македонија
2. August 2020 - 13:22

Десет нови случаи на коронавирус во Тиквешко, осум во Кавадарци и двајца во Неготино

Десет нови случаи на коронавирус се регистрирани во Тиквешко, осум во Кавадарци и двајца во Неготино, денеска потврди доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог при кавадаречкиот Центар за јавно здравје.

Новозаболените се на возраст од 17 до 63 години, повеќето од женски пол. Некои од нив претходно биле во контакт со позитивен на Ковид-19, а некои не знаеле од каде го добиле вирусот. Сите се со полесна клиничка слика, не се знае само за една личност, која е евидентирана како позитивна, а засега не одговарала на телефонските повици.