Десет лица, меѓу кои и три мали деца, загинаа во пожар во куќа во Пенсилванија
– Десет лица, меѓу кои три мали деца, вчераутро загинале во пожар во куќа во руралните делови на источна Пенсилванија, соопшти државната полиција.
Британските медиуми пренесуваат дека пожарот избувнал околу 2:45 часот по полноќ во Нескопек, мала земјоделска заедница во округот Луцерн, крај реката Сускехана, во североисточниот дел на Пенсилванија.
Телата на сите 10 жртви се пронајдени во урнатините на куќата.
Меѓу загинатите има седум возрасни лица на возраст од 18 до 79 години, заедно со тројца малолетници – две момчиња на возраст од пет и шест години и едно седумгодишно девојче, соопшти локалната полиција.
Три возрасни лица ја напуштиле куќата неповредени, се додава во соопштението на полицијата.
Засега нема официјални детали за околностите или причините за пожарот, што ја уништил двокатницата.
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка