Десет лица, меѓу кои и три мали деца, загинаа во пожар во куќа во Пенсилванија
– Десет лица, меѓу кои три мали деца, вчераутро загинале во пожар во куќа во руралните делови на источна Пенсилванија, соопшти државната полиција.
Британските медиуми пренесуваат дека пожарот избувнал околу 2:45 часот по полноќ во Нескопек, мала земјоделска заедница во округот Луцерн, крај реката Сускехана, во североисточниот дел на Пенсилванија.
Телата на сите 10 жртви се пронајдени во урнатините на куќата.
Меѓу загинатите има седум возрасни лица на возраст од 18 до 79 години, заедно со тројца малолетници – две момчиња на возраст од пет и шест години и едно седумгодишно девојче, соопшти локалната полиција.
Три возрасни лица ја напуштиле куќата неповредени, се додава во соопштението на полицијата.
Засега нема официјални детали за околностите или причините за пожарот, што ја уништил двокатницата.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ: Местејќи го надзорот, СДСМ и ДУИ пропаднаа тендер од над 2 милијарди евра за 3 автопатски делници
-
СДСМ: Неспособните градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ удрија по џебот на граѓаните
-
На ГП „Богородица“ за излез од државата се чека половина час
-
Ружди на респиратор по операција, полицијата го уапси напаѓачот
-
Вкупно 69 кривични дела за семејно насилство во Кавадарци за две години
-
Дваесет и една година Рамковен договор
-
Ако државата не ни помогне, можно е населението да остане без леб, велат мелничарите
-
Потпишување на договор за новата инвестиција „e.GO” во ТИРЗ – Тетово