Македонија
25. May 2019 - 16:15

Десет конфекциски работнички во тешка состојба, направена итна имунизација на терен

Ново заболените од морбили се конфекциски работници од иста фирма. Се работи за 10 нови случаи, а на инфективното одделение во штипската клиничка болница хоспитализирани се оние со потешка клиничка слика. За спречување на ширење на заразата, епидемиолозите на лице место имунизирале 37 работници од истата конфекција.

- Сепак постои ризик бројот на заболени да се зголеми, зашто работници од различни конфекции на работните места се превезуваат со исти автобуси, но и затоа што заболените имале контакти со членови на семејствата –стенд ап

Пред две недели беше хоспитализирано 6 члено семејство од Карбинци. Затоа епидемилозите велат дека будно ќе ја следат состојбата со ширењето на заразата. Од февруари, кога беа регситрирани првите два случаи на заболени од морбили, па до денес, во штипската клиничка болница се регистрирани вкупно 20 случаи, сите од Штипско-карбинскиот регион.