Македонија
3. May 2019 - 16:04

Десет ипол месечно бебе почина од компликации од морбили

По двонеделна борба за живот поради компликации од морбили, вчера на Клиниката за детски болести почина десетмесечното бебе кое беше на одделот за интензивна нега. Според болничката евиденција немало претходни хронични заболувања. Ова е четврти смртен случај од мали сипаници за период од три месеци.

-Имало тешка пневмонија, мозочно крварење..Апшелирам уште еднаш дека малите сипаници се сериозно заболување и можат да ги нападнат сите органи, и системот за дишење, и централниот нервен систем, изјави Владимир Микиќ епидемиолог во ИЈЗ.

Минатата недела во Институтот за јавно здравје регистрирале 110 нови случаи на мали сипаници а на болничко лекување во моментот има над 50 возрасни и деца заразени со морбили. Епидемиолозите се загрижени што е многу голем бројот на заболени бебиња кај кои е неопходно болничко лекување.

стенд-Според евиденцијата на здравствените власти, шест пациенти се во тешка состојба поради компликации со морбили на Клиниката за инфективни болести. Меѓу нив е и 16 годишна девојка која е на апарати за дишење.

Епидемиолозите се загрижени што е многу голем бројот на заболени бебиња кај кои е неопходно болничко лекување.

-Значи дури 9 од 1000 бебиња помали од 12 месеци заболеле од морбили. Тоа е голем број и тие не подлежат на вакцинација, вели Микиќ.

И покрај укажувањата на епидемиолозите за вакцините, теренската вакцинација во училиштата засега со поразителни бројки. Скопските тимови кои посетиле 77 училишта каде имало 2104 невакцинирани ученици, од мали сипаници се заштитиле само 139.

-Зависи како ги гледаме бројките. Вака процентот е низок, но ќе направиме ако треба и трета и четврта вакцинација се додека не им укажеме на родителите за бенефитите од вакцинацијата. Досега нема ниту една несакана реакција од вакцините, вели Злате Мехмедовиќ, директор на Здравствен дом Скопје.

Од здравствен дом Скопје велат дека во нивните диспанзери издаваат само потврди на деца кои ги примиле задолжителните вакцини, откако вчера и Владата пресече дека нема уписи на првачиња кои не се вакцинирани. Надлежните порачаа дека овие мерки се неопходни за сузбивање на епидемијата и подигнување на колективниот имунитет.