Свет
30. November 2017 - 8:26

Десет години во подрум чувал сексуална робинка – Му родила две деца

Италијанската полиција го уапсила 52-годишниот Алоисио Франческо Росарио Џордано, под сомнение дека 10 години во подрум држел 29-годишна жена како сексуална робинка. Го фатиле откако полицијата го сопрела во автомобил, а на задното седиште забележале валкано дете. Побарале да видат каде живее детето и да ја запознаат неговата мајка, а кога пристигнале на адресата на Џордано, откриле хорор.
Во подрумот на куќата, во нечовечки услови, со лисици врзана за ѕид, живеела 29-годишна жена со две деца, од кои постарото, 9-годишниот син бил со таткото во автомобилот, а 3-годишното девојче било со својата мајка.
 
Алоисио веќе бил во затвор поради киднапирање, силување и мачење на 23-годишна девојка во 1999. година. Отслужил само пет години и бил ослободен поради добро однесување. Неговата последна жртва, се верува, била медицинска сестра на неговата, тогаш тешко болна сопруга. Тогаш имала само 19 години, а монструмот и понудил сместување по смртта на сопругата.