Македонија
12. December 2015 - 9:22

Десет години кореографска дејност на Олга Панго

На Малата сцена во Македонската опера и балет денеска ќе бидат одбележани десет години од кореографската дејност на Олга Панго и од нејзиниот современ балет „Јас, Исидора“ на сцената. 

Јубилејниот настан ќе има два дела - во првиот е мултимедијалната изведба „Тука сум“, а во вториот ќе биде изведен балетот „Јас Исидора“ - приказна за страстната љубов помеѓу познатата балерина Исидора Данкан и рускиот поет Сергеј Есенин кои ги играат Саша Евтимова и Васил Зафирчев.

Панго е автор на либретото, кореограф и режисер на „Јас, Исидора“, по музика на Калиопи Букле. Сценографијата и костимографијата е на Благој Мицевски. 

Јубилејниот мултимедијален настан „Тука сум“ е на музика на Калиопи Букле и Џингиз Ибрахим и во режија на Наташа Поплавска. Кореографијата и изведбата е на Олга Панго, а костимограф е Марија Пупучевска