Живот
13. April 2018 - 20:45

Дерматолозите советуваат: Ако користите вакви сунѓерчиња фрлете ги, може да има лоши последици

Сунѓерчињата од мрежа за капење во комбинација со миризлива купка, ароматични свеќи може да бидат домашен спа третман и да придонесат до вистинска уживанција.

Добри се за отстранување на кожни станици, а кожата ја оставаат нежна и негувана. Користењето на ваквото сунѓерче два до три пати неделно ќе ја подобри циркулацијата, вели д-р Пол Џарод Франк.

Но, 98% од дерматолозите советуваат да ги фрлите веднаш. Со користењето на ваквите сунѓерчиња само ги туркате бактериите уште подлабоко во кожата.

Имено, за време на капењето во нив остануваат мртви станици кои под влијание на влагата во купатилото стануваат легло на бактерии.

Ова масивно легло расте во рок од само неколку часа.

Не звучи како нешто што сакате да ги втриете во телото, зарем не?