Македонија
6. February 2019 - 16:30

Дерковски не гледа причина за страв од кражба на гласови

Првиот човек на ДИК уверува дека се целосно подготвени за претстојните претседателски избори и не очекува проблеми во процесот. па дури и за предвремени парламентарни доколку така одлучи Собранието. Дерковски не го дели ставот со лидерот на опозицијата Мицковски кој се сомнева во можна кражба на гласови при изборот на нов шеф на државата.  Иако Дерковски доаѓа на позицијата претседател по предлог на ВМРО ДПМНЕ, тој смета дека ДИК има капацитет но и обврска да ги организира изборите во најдобар можен  ред.

„ ДИК е само еден од чинителите. Неможам да коментирам политички  изјави не би било добро, но можам да апелирам до сите чинители во тој процес  да си ги сфатат своите права и обврски на најодговорен начин да постапуваме на најодговорен начин се до изборите до последен ден,  за на крајот од денот да констатираме дека сме направиле одличен изборен процес за кој ниту еден фактор кој ќе го набљудува нема да има забежелешки. Дали ќе поминат така или не тоа зависи од многу други фактори кои се учесници во овој процес“, - ОЛИВЕР ДЕРКОВСКИ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ДИК

За опозицијата пак СДСМ веќе подготвува изборен фалсификат и  затоа премиерот бегал од техничка влада и предвремени парламентарни избори. ВМРО ДПМНЕ обвинува дека власта извесно време прави притисоци и вработува партиски за да изнуди гласови за избор на претседател. Од ДИК апелираат сите граѓани кои сакаат да го остварат своето избирачко право најдоцна до 8ми февруари да ги подигнат изготвените документи од Управните служби на МВР. Во меѓувреме избирачкиот список  постојано се ажурира.  МВР се должни во рок од 15 ДЕНА по распишување на изборите да го објават списокот на гласачи. Потоа граѓаните ќе имаат три недели да направат увид и доколку имаат забелешки да поднесат барање до подрачните одделенија на ДИК.