Loading Video...
Спорт плус
21. July 2019 - 18:20

Деркоски со личен рекорд, но само за претпоследно место

Филип Деркоски е првиот македонски пливач кој настапи на натпреварувањата во базен на Светското првенство во Гванжу. 
 
Деркоски пливаше во квалификациите на 400 метри слободно, а резултатот од 4.минути 7 секунди и 99 стотинки е негов нов личен рекорд. 
 
Сепак. Тоа беше доволно само 45-тото место или претпоследно во квалификациите во кои настапија 46-мина натпреварувачи.
 
Споредбено, резултатот на Деркоски беше за 23 секунди послабо најдоброто време во квалификациите кое го постави Кинезот, Јанг Сун, кој подоцна стигна и до златниот медал.
 
За Филип останува и настапот на двојно подолгата патека од 800 метри. Покрај него на шампионатот ќе се преставуваат и Давор Петровски (200м делфин и 200м мешано) и дамите Ева Петровска ( 800 и 1500м слободно) и Миа Крстевска  (100 и 200м грбно). 
 
На првенство веќе падна и првиот Светски рекорд. 
 
За тоа се погрижи Британецот, Адам Пити кој во дисциплината 100 метри градно, исплива време од  56 секунди и 88 стотинки со што го подобри личниот рекорд од Глазгов од пред една година.
 
Американската машка штафета 4x100 метри слободен стил постави нов рекорд на Мундијалите пливајќи во време 3:09.06.минути