Македонија
15. May 2019 - 16:22

Дерек Мичел од НДИ е оптимист за иднината на Македонија на евро-атлантскиот пат

Има прогрес на демократско поле во Македонија, но постои уште многу работа. Демократијата е нешто што бара континуирана посветеност и таа никогаш не е целосно завршена, смета Дерек Мичел, претседателот на американскиот Национален демократски институт кој е во посета на земјава.

“Она што е јасно е дека во земјата има потреба од помирување и градење на заеднички ставови на спротиставените страни. Претстои работа во областа на здравството, едукацијата, но и во правосудството. Ние сме тука да асистираме во целиот процес”

Не сме тука да судиме , туку да ве поддржиме. Американскиот дипломат изразува оптимизам за иднината на Македонија поврзна со нејзиниот евроатлатнски пат

“Многу сум оптимиср за иднината на Македонија. Некои работи треба да се завршат, но постои желба Македонија да биде дел од Европа. Сакаме да асистираме во реформите и да помогнеме во напредокот кој вашата земја го има. НДИ сака да биде партер во сето ова”.

Американскиот дипломат престојуваше во посета на Собранието, каде што имаше средба во Клубот на пратенички, но и со потпретседателот и генералниот секретар на Парламентот.