Ракомет
31. May 2018 - 10:22

Дербито во Автокоманда за РК Вардар

Ракометарите на Вардар славеа во дербито во Автокоманда против Металург во последното коло од домашното првенство со 33-29 со што ја потврдија веќе освоената титула и затворија една успешна приказна за дел од ракометарите кои го одиграа последниот меч во црвено-црниот дрес.
По овој дуел од Скопје заминуваат Лука Циндриќ, Мијајло Марсениќ, Хорхе Македа и Жоан Кањелјас, додека повредените Арпад Штербик и Илија Абутовиќ не беа во составот.  За последен пат тимот го водеше и  Раул Гонзалез кој се сели во ПСЖ.