Фудбал
26. May 2020 - 16:20

Дерби на сезоната во Бундес лигата

 
 
Вниманието на европската спортска јавност секако денеска е насочено кој големото германско дерби 126-то во Бундес лигата во кое Борусија Дортмунд е домаќин на минхенски Баерн. 
 
Ова е натпревар на двете најуспешни екипи кои во последните 25 години имаат поделено вкупно 21 шампионска титула. 
 
Во пресрет на овој натпревар „Баварците“ се лидери на табелата со 4 бодови повеќе од „милионерите“ па оттаму мечот со право го носи епитетот решавачки дуел за титулата.
 
Секако дека фокусот ќе биде насочен кон двајцата најдобри стрелци, Полјакот, Левандовски кој сезонава во Бундес лигата постигна дури 27 годови за Баерн, односно миленикот на домашната публика Халанд кој за „милионерите“ постигна 10 гола сезонава. 
 
Дали токму тие двајца ќе се покажат како клучни играчи, останува да се види по натпреварот кој започнува во 18:30 часот
 
ФУДБАЛ – ГЕРМАНСКО ПРВЕНСТВО  28.коло
Вторник 
БОРУСИЈА Д. – БАЕРН М. од 18:30 часот
БАЕР Л. – ВОЛФСБУРГ 
АЈНТРАХТ – ФРАЈБУРГ 
ВЕРДЕР – БОРУСИЈА М. од 20:30 часот.
Среда 
ЛАЈПЦИГ - ХЕРТА од 18:30 часот
АУГСБУРГ - ПАДЕРБОРН 
ДИЗЕЛДОРФ - ШАЛКЕ 
ХОФЕНХАЈМ - КЕЛН 
УНИОН БЕРЛИН - МАЈНЦ од 20:30 часот.