Македонија
6. April 2017 - 16:55

Депресијата негативно влијае врз работоспособноста

Депресијата е една од најчестите причини за намалување на работоспособноста на населението. Таа е мултифакториелна болест, а едни од главните фактори кои ја предизвикуваат оваа болест се факторите од работната средина. Поради тоа треба да се зголеми свесноста за ваквата опасност, како кај работниците така и кај работодавачите, велат од Институтот за трудова медицина.

Се повеќе работодавачи посветуваат внимание на психосоцијалните фактори од работната средина. Освен вообичаените превентивни медицински прегледи на работниците, во последно време се повеќе внимание се посветува и на психосоцијалните штетности.

Бројот на пациенти со депресија и депресивно растројство се зголемува со текот на годините, а статистиката покажува дека во Македонија оваа болест е речиси двојно позастапена кај жените.