Депозитите лани со раст од 10,5 отсто, кредитите со 7,3
Депозитите во банките во Македонија минатата година забележале раст од 10,5 отсто, покажуваат податоците на Народната банка на Република Македонија.
Зголемувањето се должи пред се на растот на депозитите во секторот домаќинства чие учество во вкупниот депозитен раст изнесува 88,5 отсто. Раст е евидентиран и кај денарските и кај девизните депозити.
Вкупно во декември депозитите на домаќинствата изнесувале 252,563 милиони денари, додека кај корпоративниот сектор 97,703 милиони денари.
Зголемување од 7,3 отсто лани има и кај кредитирањето на домаќинствата и на корпоративниот сектор. Во вкупното кредитирање домаќинставта учествуваат со 66,4, а корпоративниот сектор со 32,3 отсто.
Од вкупните кредити на домаќинствата, најголем дел се потрошувачки, станбени и кредитни картички.
Ново на Сител
-
Во БиХ уапсени три лица кои барале пари за информација за исчезнатото девојче во Србија
-
Продолжуваат предизборните коалицирања
-
Марш на трансродовите лица
-
Во Собранието седница на Комисијата за одбрана и безбедност
-
Најмалку 38 лица загинаа во израелските напади врз сирискиот град Алепо
-
Над 20 луѓе повредени во сообраќајна несреќа во Германија
-
Мериленд доби помош од 60 милиони долари по уривањето на мостот во Балтимор
-
Сончево и топло со мала локална облачност