Македонија
10. јуни 2018 - 16:28

Депонијата кај Буково ќе биде затворена до 2020 година

До крајот на 2020 година според препораките на Унеско депонијата во Буково треба да биде затворена.Охрид ќе остане без можност каде да го депонира отпадот доколку во овие година и пол Југозападниот плански регион не изнајде решение за изградба на регионална депонија.Од Охрид СОС сметаат дека предложената локација кај Дебарца е погрешна бидејќи општината е главно и најголемо сливно подрачје на Охридското езеро кое што е споменик на природата.

Од комисијата комисијата за управување со природно и културно наследство за охридскиот регион која што е формирана на почетокот на годината велат дека се преговара за изнаоѓање на нова локација ,тие најавија дека ќе реагираат на сите неправилности во насока на загрозувањето на статусот на светското наследство.

Инаку во рамките на проектот за изградба на интегриран систем за управување со цврст отпад во Југозападниот плански регион кој ќе се реализира со средства од ИПА- фондовите, предвидено беше регионална депонија да се изгради во атарот на селото Годивје на што дебрчани во повеќе наврати протестираа и бараа да се поништи одлуката.