Кошарка
31. August 2020 - 10:34

Денвер се избори за мајсторка со Јута

Екипите на Денвер и Јута ќе играат седми натпревар со што ќе биде решен патникот во конференциското полуфинале.
 
Предводени од Џамал Мареј кој постигна 50 поени тимпт на Денвер ја победи Јута со 119-107 и се избори за мајсторка. 
 
Исходот од тој дуел ќе го даде противникот на ЛА Клиперс во полуфиналето на Западната конференција до кое "Клиперси" стигнаа со триумфот над Далас со 111-97 и со 4-1 во победи ја добија серијата. 
 
А, на истокот се одигра првиот полуфинален дуел. Во него, шампионот Торонто беше декласиран од Бостон со убедливи 112—94, за водство на "Селтикси" од 1-0 во серијата подобар до четири победи.