Loading Video...
Кошарка
2. February 2018 - 8:47

Денвер ја победи Оклахома со „тројка“ со звукот на сирената

Во НБА лигата ноќеска беа одиграни пет меча, а најнеизвесниот и најефикасниот беше оној во Денвер. 

Домашниот тим на Денвер „Нагетс“, забележа победа над Оклахома со 127-124 и тоа со постигната „тројка“ со звукот на сирената. 
 
Домаќините имаа предност во текот на целиот мес се до завршните 1,4 секунди до крајот кога Пол Џорџ со „тројка„  го израмни резултатот (124-124). 
 
Но, тоа не беше доволно „Тандерси“ да се изборат за продолжение, бидејќи на спротивната страна Гери Харис возврати со иста мерка па Нагетси заслужено се радуваа на триумфот од 127-122. 
 
Покрај Харис кој беше јунак кај Денвер, Џемал Мари со 33 поени и Никола Јокиќ со трипл-дабл од 29 пени, 13 скокови и 14 асистенции, беа најзаслужните за оваа победа на домаќините. 
 
На гостите не им помогнаа ниту рекордните сезоната 43 поени на Пол Џорџ, како ни Расел Вестбрур кому му недостасуваше еден скок (9) да стигне до трипл-дабл учинокот откако реализира 20 поени и дури 21 асистенција. 
 
 
На останатите средби.  
 
Џејмс Харден со 28 поени и 11 асистенции го предводеше Хјустон до победа од 102-91 на гостувањето кај Сан Антонио. 
 
Победи пред своите навивачи остварија, Детроит над Мемфис со 104-102, Вашингтон кој со 122-119 го победи Торонто и Минесота која со 108-89 славеше над Милвоки.