Loading Video...
Кошарка
17. December 2018 - 15:59

Денвер го добри дербито против Торонто

 
 
 
Во НБА лигата беа одиграни четири натпревари. 
 
Дербито на вечерта се играше во Денвер каде најдобриот тим од Западот, го пречека прво рангираниот од Истокот. 
 
„Нагетси“ ја искористија предноста на домашниот терен и го победија Торонто со 95-86. Србинот, Никола Јокиќ повторно беше најдобриот играш кај Денвер, завршувајќи го натпреварот со учинок од 26 поени, 9 скока и 4 асистенции. 
 
Во канадскиот тим вообичаено најдобар беше Каваи Ленард со дабл-дабл ефект од 29 поени и 14 скока. 
 
Сега Денвер е екипата со најдобар ефект воопшто во лигата, бидејќи „Нагетси“ имаат 20 победи и 9 порази, а Торонто скор од 23-9.
 
Домашна победа оствари и Вашингтон против ЛА Лејкеср со 128-100, додека на гостински терен се радуваа кошаркарите на Сакраменто кој со 120-113 го победија Далас, како и Мајами кој славеше во Њу Орлеанс со 102-96.