Македонија
9. September 2016 - 16:40

„Денови на Света Мајка Тереза“ - волонтери подготуваа храна за бездомници

Канонизацијата на Мајка Тереза за Светица им донесе на скопските бездомници уште еден ден во неделата во кој добија бесплатен оброк.

Старите лица во црвен Крст им готвеа топол оброк на оние кои имале помалку среќа во животот и останале на улица.

Бездомниците задоволни од помошта на црвен крст, во чии пунктови може да се нахранат, да ги извршат хигиенските потреби и да ги остават своите стари и искинати алишта за перење.

Пунктовите за бездомници секојдневно се посетувани од по околу 60тина лица.