Денови на современата бугарска книжевност во НУБ „Св. Климент Охридски“
Во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ денеска и утре ќе се одржува манифестацијата „Денови на современа бугарска книжевност во Македонија“, која НУБ ја организира заедно со Националната библиотека „Св. Кирил и Методиј“ од Софија со поддршка на Министерството за култура на Република Македонија.
НУб најави дека манифестацијата ќе опфати повеќе активности - денеска ќе биде потпишан нов договор за соработка меѓу двете библиотеки и ќе биде отворена изложба на книги преведени од бугарски на македонски јазик во последните две и пол децении.
Утре ќе биде организирана книжевна средба со три современи бугарски авторки - Силвија Томова, Вања Аврамова и Поли Муканова, кои ќе читаат извадоци од своите дела, а осврт за бугарската книжевност ќе има поетот и книжевен критичар Бранко Цветкоски.
По книжевната средба утре ќе следува и трибина на тема „Читаност и афирмација на македонските и бугарските автори во други културни средини“, со учество на писатели, преведувачи, издавачи...
Дводневната манифестација денеска со поздравни обраќања ќе ја отворат Иван К. Заров и Красимира Александрова, директори на двете национални библиотеки, и Иван Петков, амбасадор на Бугарија во Македонија.
- Со овој настан сакаме да иницираме продлабочување на книжевните врски и запознавање на македонската јавност со книжевните достигнувања на авторите од Бугарија. Покрај тоа, со конкретна комуникација да го поддржиме меѓусебното приближување, размената и преводот на врвни книжевни дела, како и отворањето нови можности за уште поголема културна соработка, соопшти НУБ „Св. Климент Охридски“.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Не само ПМ честичките туку и бројни хемикалии во загадениот воздух влијаат на здравјето
-
Тема на денот со Маргарита Цаца Николовска
-
Агелер: Ако ние обезбедивме докази за Груби и Беџети, можат и македонските власти
-
Голема полициска акција: Уапсени над 20 лица за криминал тежок 6,5 милиони евра
-
ДУИ со една реченица ја поздрави одлуката на Стејт Департментот, не запираат рекациите
-
Објавени документи пред утрешната одлука на Уставниот суд за јазиците
-
Протест во Скопје за спас од загадениот воздух