Денови на македонската поезија во Шведска
Традиционалната културна манифестација Ден на македонската поезија во Шведска денеска по 27-ми пат ќе се одржи во Градската библиотека во Гетеборг.
Во рамки на програмата на годинашното издание ќе настапат дваесетина поети, а како гостин од Македонија ќе учествува македонска поетеса Виолета Танчева Златева, автор на повеќе книги и добитник на значајни награди за своето творештво, меѓу кои и на најзначајната поетска награда во Македонија, „Браќа Миладиновци“ на Струшките вечери на поезијата.
- Амфитеатрлната сала во Градската библиотека во Гетеборг нуди одлични услови за поетско читање, а и годинава се надеваме на добар одзив и посетеност од страна на љубителите на литературната уметност, вели Ивица Челиковиќ секретар на Македонскиот сојуз во Шведска.
Меѓу учесниците во програмата, освен авторите по потекло од Македонија кои живеат во Шведска, ќе настапат и повеќемина поети од други националности, меѓу кои и неколку членови на Писателскиот центар во западна Шведска.
За денеска е планирано да се одржи и годишно собрание на Македонското поетско друштво „Дениција“ со седиште во Гетеборг, кое се грижи за програмските подготовки на манифестацијата.
Ново на Сител
-
Пратениците расправаа за измените за предлог-законите за служба во АРМ и за данокот на добивка
-
Меси уште две години во Барселона
-
Симевски не е повеќе селектор на ракометарките
-
Филипче: Состојбата со вирусот се смирува, епидемиолошката крива спласнува
-
Со калашников си ја потпрел хаубата на Аудито во Тетово | ФОТО
-
Гостиварец присилно ја омажил 19 годишната ќерка во Шутка каде била силувана
-
Германија сака да купи 30 милиони дози од „Спутник В“
-
Османи утре во официјална посета на Косово