Денови на македонската поезија по 29-ти пат во Шведска
Традиционалната културна манифестација „Ден на македонската поезија во Шведска“ денеска ќе се одржи по 29-ти пат во Гетеборг.
На поетското читање ќе настапат дваесетина поети, а меѓу гостите кои ќе ја проследат програмата најавено е присуство и на амбасадорка Мира Крајачиќ.
– Амфитеатрлната сала во Градската библиотека во Гетеборг нуди одлични услови за поетско читање, а и годинава се надеваме на добар одѕив и посветеност од страна на љубителите на литературната уметност, вели Ивица Челиковиќ, секретар на Македонскиот сојуз во Шведска.
Меѓу учесниците во програмата, освен авторите по потекло од Северна Македонија кои живеат во Шведска, ќе настапат и повеќемина поети од други националности, меѓу кои и неколку членови на Писателскиот центар во Западна Шведска.
За денеска е планирано да се одржи и годишно собрание на Македонското поетско друштво „Дениција“.
Идната година, Деновите на македонската поезија во Шведска ќе го прослави својот тридеценски јубилеј, како единствена поетска манифестација од ваков вид во редовите на македонската дијаспора во овој дел на Европа.
Ново на Сител
-
Последен работен ден за пратениците од овој состав
-
Информативен ден на НАТО програмата „наука за мир и безбедност“
-
Мисија на УНЕСКО во Охрид
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Филип Рикер, поранешен амбасадор на САД во Македонија
-
„Алкалоид“ пушти во употреба нов светски погон за производство на лекови вреден 19.4 милиони евра
-
Четири години Македонија членка на НАТО
-
Гир: Не е точно дека ЕУ не ја сака Македонија, членството е лесно достижно