Македонија
28. May 2016 - 9:48

„Денови на македонската адвокатура“ во Охрид

Адвокатската комора на Република Македонија денеска во Охрид свечено ќе одбележи 71 година од основањето на Комората и 71 година адвокатура во Македонија.  

На настанот, како што информира Адвокатската комора, најавено е обраќање на министерот за правда Валдет Џафери, заменик министерката за правда, Билјана Бришкоска-Бошковски, претседателот на Здружението на судии, Џемали Исмаили, претседателот на ПЕКО Комитетот при Советот на адвокатски комори и правни здруженија на Европа, Ранко Пелицариќ, директорката на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“, Анета Арнаудовска, како и претседатели на адвокатски комори од повеќе држави.

Свое излагање ќе има претседателот на Адвокатската комора на РМ, Никола Додевски.