Македонија
2. November 2016 - 8:38

Денови на енергетска ефикасност на Град Скопје

Од денеска почнуваат Деновите на енергетска ефикасност на Град Скопје во чии рамки ќе се одржи конференција, обука и отворен ден за граѓаните.

Конференцијата ќе се одржи денеска и ќе се обрати градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски. Планирано е да се одржат три панели на кои ќе бидат презентирани достигнувањата на Град Скопје во сферата на енергетската ефикасност, достигнувањата на скопските општини и енергетско-ефикасните технологии.

Утре ќе се одржи обука за ефикасна потрошувачка на енергија за раководните лица од објектите под ингеренција на Град Скопје, а во петок на плоштадот „Македонија“ ќе биде организиран Отворен ден за граѓаните.