Македонија
1. April 2018 - 16:47

Денот на шегата под маски

Денот на шегата - 1 Април традиционално ги привлече најмаладите на плоштадот “Македонија”. Деца маскирани во пирати, принцови и принцези, цвеќиња, Бетмени, Спајдермени, болничари, пчелички, но и во други омилени цртани ликови го преплавија центарот на Скопје. На априлијадата “Скопје се смее” најбројни беа маските кои можат да се купат во продавниците, а веселите дечиња и овојпат ја покажаа сета своја фантазија.   

Веселбата ја дополнуваа и децата од Златно славејче, но и Танцови групи од основните училишта од Скопје и од околината. На априлијадата “Скопје се смее” се обрати и градоначалникот Петре Шилегов. 

Свој настап на априлијадата имаа и челнови од “Мобилнсот Скопје”.

Вечерниот дел на манифестацијата е резервиран за средношколците, а за најдобрата маска ќе следи награда. Забава ќе биде организирана и за возрасните, која ќе почне од 20.00 часот, со настап на популарни музички ѕвезди и познати македонски ДЈ-и.