Македонија
17. May 2017 - 13:44

Денот на сесловенските просветители неработен за сите граѓани

Министерството за труд и социјална политика денеска соопшти дека среда, 24 Мај - Денот на сесловенските просветители „Св. Кирил и Методиј“, е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.

Денот на сесловенските просветители е прогласен за неработен согласно Законот за празниците.