Македонија
20. January 2019 - 19:20

Денот на рибарите прославен во Охрид

Охрид верен на вековната традиција. На денот посветен на Свети Јован Крстител и оваа година се одбележа Денот на рибарите. Манифестацијата која претставува своевидна атракција со капење на рибарите во Охридското езеро и другарите од тајфата на фаќачот на Чесниот крст привлекува огромен број на посетители. 

Присутните на настанот имаа можност да вкусат рибна чорба, подготвена во голем казан за која беа обезбедени 500 килограми риба. 

Црвениот крст дел од рибната чорба ќе распредели по семејствата со социјален ризик во градот, како и на лица со хендикеп и постари лица кои не се во можност да присуствуваат на овој настан.

Традицијата за одбележување на  овој ден е многу стара, во одреден период престанала да се практикува, но повторно се обновила.

Според кажувањата на старите охриѓани, рибарите се капеле на овој ден за да ја покажат нивната приврзаност кон езерото.

.