Денот на Македонската револуционерна борба одбележан во Битола
Општина Битола организирано и со пригодна програма го одбележа 23 Октомври, Денот на Македонската револуционерна борба.
Според востановената традиција, одбележувањето се одржа пред споменикот на Даме Груев кој се наоѓа во дворот на битолскиот Завод и Музеј, локација на која градоначалникот, советници од Совет на општина Битола, делегации на здруженија на граѓани и политички партии, положија цвеќе во знак на почит на овој датум од македонската историја.
- Примерот на македонските патриоти, кои во 1893 година се собрале во Солун, нивниот начин на живеење, начин на дејствување се рефлектира во текот на историјата до денешен ден. Само со добри и светли примери можеме да ја живееме денешницата и да ја планираме иднината. Ова што денес го славиме е дел од големиот мозаик на македонската историја, истакна градоаначалникот Владимир Талески на денешното празнично одбележување во Битола.
Ново на Сител
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи