Македонија
30. November 2016 - 21:27

Денот на дрвото ќе се одработува наредната година

Денешниот работен ден кој беше посветен на акцијата Ден на дрвото ќе се одработува во текот на наредната годна, а конкретниот датум ќе биде дополнително утврден и соопштен, одлучи Владата.

– На седницата одржана на 25 ноември 2016, Владата донесе одлука денешниот ден, 30 ноември 2016, да биде прогласен за неработен ден и да биде посветен на акцијата Ден на дрвото. На истата седница беше заземен став работниот ден за одработување на денешната акција да биде во текот на следната година и беше заклучено одлуката за конкретниот датум да се донесе дополнително во следниот период. По носењето на конкретната одлука, Владата соодветно ќе информира, соопшти владиниот Сектор за односи со јавноста.