Македонија
22. November 2017 - 16:20

Денот на албанската азбука одбележан во владата без превод на македонски

Вицепремиерот за спроведување на рамковен догворо Хазби Лика  во владата  организираше  свечен прием по повод денот на албанската азбука .

На настанот присуствуваа академици и просветни работници на кои вицепремиерот им се заблагодари за нивниот придонес во образованието на албански јазик на многу генерации Албанци.

Официјалниот настан помина без превод на македонски јазик.

Од владата појаснија дека превод немало поради технички причини. Честитки по повод денот на албанската азбука упатија спикерот на Собранието талат џафери  и министерката за образование Рената дескоска

На 22 ноември во 1908-та година во Битола беше оддржан конгрес на кој беше стандардизирана албанската азбука.