Loading Video...
Кошарка
6. November 2018 - 19:39

Денот кога МЗТ го победи кралскиот клуб

На денешен ден пред точно 22 години  кошаркарите на МЗТ  Скопје ја извојуваа најголемата победа на меѓународната сцена во  рамките на македонската клупска кошарка.  Во трилер завршница штрковите го совладаа славниот Реал Мадрид со 69-68 во рамките на Еврокупот- натпреварување кое подоцна кралевите сепак го освоија.

            Јунак на мечот беше Перо Блажевски кој на три секунди до крајот реализира две слободни фрлања за голема радост на преполнетата сала Јане Сандански откако Оренга не реализираше во последниот напад.

            Реал тогаш го предводеше сега најтрофејниот европски тренер Жељко Обрадовиќ а најголема ѕвезда на тимот беше  Дејан Бодирога.