Денковски: Приоритети - екипирање и обединување на сите стоматолози
Екипирање и обединување на сите стоматолози, односно од сите бранши – специјалисти, општи, примарни, концесионери за да можеме да настапиме заеднички пред институциите што се одговорни за решавање на нашите проблеми, ќе бидат почетните приоритети, изјави за МИА, новоизбраниот претседател на Стоматолошката комора на Македонија, д-р Маријан Денковски.
Тој посочи дека имаат проблеми со законите за здравствена заштита, за здравствено осигурување и со Фондот за здравство, кои треба да се решаваат.
- Но, покрај тоа што проблемите ги знаеме, имаме и решенија кои ќе ги предложиме, така што сметаме на подобар ефект отколку што беше досега. Се надеваме на нешто подобро, но сепак ќе треба малку време, додаде Денковски.
Тој е избран за претседател на Стоматолошката комора на вчера одржаното Изборно собрание на кое за него гласале мнозинство од 47 присутни делегати
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација