Џет-Сет
19. August 2018 - 14:53

Дени и Сенди по 40 години повторно заедно: Одбележан јубилејот на филмскиот хит „Брилијантин“

Ѕвездите на „Брилијантин“ Оливија Њутн - Џон и Џон Траволта оваа недела го прославија 40 роденден на својот славен мјузикл.

Позираа пред фотографите и малку танцуваа на свечената проекција на Беверли Хилс која ја организираше Американската академија за филмска уметност и наука.

“Идејата да се оддаде почест на нашиот филм и дека тој толку значи во филмската историја, ништо не му е рамно“, рече Траволта и додаде: „Мислам дека ова е драгоцен момент“.

Њутн - Џон (69) ја глумеше добрата девојка Сенди во тој филм од 1978 година, покрај Траволта (64) кој го глумеше лошото момче Дени. Филмот беше адаптација на бродвејскиот мјузикл и имаше полно музички хитови.

На прославата на роденденот на филмот се појавија и други актери меѓу кои и Диди Кон кој го играше Френчи, Бери Перл кој го толкуваше Дуди и режисерот Рендал Клејзер.