Македонија
15. November 2019 - 9:22

Денеска започнува судењето за убиството на Пино

Во Основниот кривичен суд денес започнува судењето за убиството на Пинета Секондо – Пино, помина безмалку една година од свирепото убиството, кое се случи на 11 декември минатата година.

Неговата девојка Анѓела Ѓорѓиевска (22) е обвинета како соучесник во убиството на тогаш 26-годишниот Секондо, настан кој се случи на 11 декември лани. Таа денес ќе седне на обвинителна клупа и ќе се соочи со обвинителката Лидија Раичевиќ.

Пинета Секондо исчезна од 11.12.2018 година, а исчезнувачењето во полиција беше пријавено од мајка му Маја. После повеќе од пет месеци истрага, на 29 април годинава, од страна на непознат граѓанин во полиција беше пријавено дека на место викано Башинец во атарот на скопското село Љуботен е пронајден човечки скелет покриен со камења.

На 31 мај годинава, пак, МВР до Основното јавно обвинителство во Скопје поднесе кривична пријава против Ф.А. (27) и А.Ѓ. (22), двајцата од Скопје, за сторено кривично дело „убиство“.

За време на истрагата првообвинетиот Али Фуркан избега од Скопје. МВР по него распиша меѓународна потерница.