Македонија
23. јуни 2021 - 18:35

Денеска за брзо возење казнети 348 возачи

Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 348 возачи.

Од нив, 82 возила се движело со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 17 возилa се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Најголем број од санкциите се изречени на територија на СВР Тетово - 75.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.