Македонија
18. December 2016 - 8:29

Денеска ведро и студено

Времето изутрина во Македонија ќе биде ведро и студено. Преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност особено во источните делови каде ќе дува и слаб ветер од северозападен правец.

Утринската температура ќе се движи од минус 13 до минус три, а дневната од четири до 10 степени.

Во Скопје слично време со утринска температура до минус осум и дневна до осум степени.

И во наредните три дена ќе се задржи стабилно и суво време. Утрата ќе бидат ведри и студени, а преку денот сончево со мала до умерена облачност. Дневната температура ќе биде во благ пораст.

Од средината на наредната седмица се очекува зголемување на облачноста со локали врнежи од дожд и снег и повторно опаѓање на дневната температура за неколку степени.