Македонија
21. February 2017 - 8:10

Денеска убав сончев ден, уживајте

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево со мала облачност и слаб до умерен западен ветер. 

Утринската температура ќе се движи од минус шест до два степени, а дневната од пет до 14 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала облачност и слаб до умерен западен ветер. Температурата ќе достигне до 11 степени.

До крајот на работната седмица ќе преовладува сончево време со мала локална облачност и слаб до умерен ветер претежно од западен правец.

Извесна промена на времето се очекува за време на престојниот викенд со повремени локални врнежи од дожд и опаѓање на дневната температура, особено во сабота.