Македонија
27. December 2018 - 8:45

Денеска стабилно и суво време

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер.
 
Утринската температура ќе се движи од минус девет до нула, а дневната од еден до 10 степени.
 
Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе се спушти до минус пет, а дневната ќе достигне до шест степени.
 
Во наредните денови времето ќе биде стабилно и суво со ниски утрински температури и со слаб до умерен северозападен ветер. Од петок ќе се зголемат условите за појава на магла по котлините. Во недела и понеделник се очекува зголемена облачност со локални врнежи претежно од снег