Македонија
1. November 2016 - 8:13

Денеска сончево и ветровито време

Времето во Македонија ќе биде претежно сончево со слаб до умерен северен ветер, особено долж Повардарието.

Утринската температура ќе се движи од минус шест до три, а дневната од 10 до 17 степени.

Во Скопје  ќе биде претежно сончево со слаб до умерен северен ветер.

Утринската температура до минус два, а дневната ќе достигне до 16 степени.

До четврток времето ќе биде претежно сончево со ниски утрински температури. Во четврток попладне ќе има зголемување на облачноста, а во текот на ноќта кон петок и во петок претпладне ќе има врнежи од дожд, особено во западните и северните делови од земјава.