Македонија
2. September 2017 - 8:18

Денеска сончево и топло, од утре пресврт на времето!

Времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен југозападен и западен ветер кој во западните делови ќе засилува.

Утринската температура ќе се движи од девет до 16, а дневната од 27 до 35 степени.

УВ-вредноста ќе изнесува 7.

Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена облачност облачност. Утринската температура ќе се спушти до 13, а дневната ќе се искачи до 35 степени.

Во недела нашето подрачје ќе биде под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса што ќе услови променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд, грмежи и повремено засилен југозападен ветер. Пообилни врнежи се очекуваат во попладневните часови и во источните делови од земјава. Локално процесите ќе бидат поинтензивни. Од понеделник времето ќе биде променливо и посвежо, а кон средината на неделата со локални врнежи од дожд.