Македонија
22. October 2017 - 9:21

Денеска сончево и топло од утре дожд и снег

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност.

Ќе дува слаб ветер од западен и северозападен правец, а кон крајот на денот ќе го промени правецот од југозападен, соопшти УХМР.

Утринската температура ќе се движи од 1 до 9 степени, а дневната највисока температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 20 до 27 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Температурите ќе се движат од 4 до 25 степени.

Под влијание на влажен и студен воздушен бран од понеделник ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни.

Во понеделник попладне во источните и југоисточните делови врнежите ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Во текот на денот ќе дува слаб до умерен јужен ветер, а кон крајот на денот и ноќта ќе го промени правецот во северен. Во вечерните и ноќните часови на високите планини на север врнежите ќе поминуваат во снег. Врнежите ќе продолжат и во вторник, на повисоките планини во северозападните делови ќе има повремени врнежи од снег.

Ќе дува и засилен северен ветер, кои ќе предизвика значително намалување на дневната температура на воздухот која ќе се движи во интервалот од 8 до 15 степени.Во средa ќе преовладува променливо облачно и студено време со повремени локални врнежи од дожд, особено претпладне. Ќе дува на повеќе места засилен северен ветер.