Македонија
28. January 2017 - 8:07

Денеска сончево и тивко време

Времето во Македонија ќе биде сончево и тивко. Во претпладневните часови по одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност.

Утринската температура од минус 16 до минус шест, а дневната температура ќе се движи од нула до шест степени.

Во Скопје ќе биде сончево и тивко.

Температурата ќе достигне до три степени.

Извесно зголемување на облачноста ќе има во недела и понеделник и услови за провејување на слаб снег. Ова зголемување на облачноста ќе услови покачување на утринските температури, а дневните ќе имаат тенденција на благ пораст.