Денеска се слави светецот кој пострада како голем маченик
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 23 јули.
Денеска е Св. свештеномаченик Аполинариј.
Свети Аполинариј потекнуваше од Антиохија. Му беше ученик на апостол Петар, кој го ракоположи за епископ на Равена. Во Равена Аполинариј проповедаше 12 години и многумина привлече кон Христа, а потоа беше испратен во прогонство на Балканот поради злобата на равенските старешини јазичници. Тој и тука не заборави на службата што му беше доверена па проповедаше за Христа по целиот полуостров три години, за повторно да биде прогонет, сега назад во Италија. Гледајќи го повторно во Равена, равенските старешини не можеа да го истрпат неговото присуство, па ги нахушкаа јазичниците да го избодат со ножеви. Така пострада овој светител во времето на римскиот император Веспазијан. Неговите мошти се сочуваа и почиваат во Равенската црква подигната во негова чест.
Ново на Сител
-
24-годишна девојка нападната од нејзиниот невенчан сопруг
-
Силувана малолетничка во Шуто Оризари
-
Во Крива Паланка излезноста до 13 часот е 42,08 отсто
-
Излезноста до 13:00 часот во Делчево и М.Каменица се движи од 24 до 29 отсто
-
Во Велес и велешко до 13 часот излезноста е 29,56, во Градско 33,51 процент
-
Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче
-
До 13 часот во Куманово одѕивот 23 проценти, во Липково 16, во Старо Нагоричане 22
-
Излезноста во Струга до 13 часот 16 отсто, во Вевчани 33 проценти