Македонија
1. April 2019 - 8:14

Денеска се слават мажот и жената кои станаа светители

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 19 март.

Денеска е Св. маченици Хрисант и Дарија.

Хрисант потекнуваше од угледен род. Татко му беше римски сенатор во третиот век. Додека се школуваше во Рим на Хрисант му дојде в раце Евангелието и, откако го прочита, се увери во возвишеноста на Христовата личност и поверува во неговата божественост. Кога дозна за тоа, татко му на секаков начин го одвлекуваше од Бога. Најпосле уговори со една убава и паметна девојка паганка да му стане жена, надевајќи се дека така Хрисант ќе се врати на празните идоли. Наместо тоа, оваа девојка и самата поверува во Христа. Дури тогаш Хрисант и Дарија стапија во брак, но целиот живот сепак му го предадоа на Бога, прифаќајќи ги новообратените христијани и многумина придобивајќи за верата. Поради тоа беа неколкупати ставани на маки, а најпосле и живи закопани во 284 година.