Македонија
16. February 2019 - 8:30

Денеска се празнуваат првите луѓе што го познаа Помазаникот Божји

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 3 февруари.

Денеска е Св. Симеон Богопримец и св. пророчица Ана.

Црквата сочувала еден благочестив обичај, во деновите после големите празници да ги слави оние личности што учествувале во тој празник. Поради тоа, веднаш после празникот Сретение се слават свети Симеон Богопримец и света пророчица Ана. Тие се првите луѓе што го познаа Помазаникот Божји, или Христос, во смирениот човек Исус.