Македонија
4. September 2018 - 8:17

Денеска се празнуваат овие свети маченици

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 22 август.

Денеска е Св. маченици Агатоник, Зотик и други.

Денешниве маченици Агатоник, Зотик, Принкипс, Теопрепиј, Акиндин, Северијан, Зенон и многу други со нив беа фрлени в затвор во градот Никомидија, како христијани, при еден прогон за време на римскиот цар Максимијан. Оттука беа препратени во Визант. По патот многу од нив потклекнаа од измачувањата и од исцрпеност, а свети Агатоник со останатите беше убиен пред очите на царот во местото Силимврија, во Тракија. Така пострадаа овие свети маченици и се преселија во радоста на својот Господ.