Македонија
21. April 2018 - 8:12

Денеска се празнуваат овие свети апостоли

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 8 април.

Денеска е Св. апостоли Иродион, Флегонт, Ермо и други.

Покрај дванаесетте апостоли, Христос испрати и други седумдесетмина да ја проповедаат радосната вест за ослободувањето на човекот од неговата гревовна приврзаност кон земната прав. Меѓу тие 70-мина беа и апостолите што Црквата ги слави на денешен ден. Иродион му беше роднина на апостол Павле. Тој и го спомнува него во едно од своите посланија. Иродион настрада од Евреите. Флегонт беше епископ во гра¬дот Маратон во Тракија, а Ермо во Далмација. Покрај овие, денеска се слават и апостолите Руф, Агав и Асинкрит.