-->
-->
Денеска се празнуваат овие свети апостоли
-->
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 28 јули.
Денеска е Св. апостоли Прохор, Никанор, Тимон и Пармен.
Овие се четворица од ѓаконите на првата, Ерусалимската црква. Се празнуваат заедно, за разлика од свети Стефан и Филип кои имаат посебни денови. Седмиот ѓакон Николај не влезе во редот на светителите поради неговата груба ерес. Инаку, Прохор беше заедно со свети Јован Богослов на Патмос, каде го запиша Откровението. Подоцна ја управуваше црквата во Никомидија. Пострада маченички од јазичниците. Никанор беше убиен од јудејците при првиот прогон на христијаните во Ерусалим. Тимон беше епископ во некој арабиски град, а исто така пострада маченички, распнат на крст. Пармен се упокои мирно пред очите на апостолите.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Руски воен репортер загина во Украина
-
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк
-
СПМ поднесе кривична против поранешниот министер за внатрешни работи и други три лица за несовесно работење