Македонија
7. August 2018 - 8:11

Денеска се празнува Успение на Св. Ана, мајката на Богородица

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 25 јули.

Денеска е Успение на Св. Ана.

Света Ана е мајката на Богородица. Денес се празнува нејзиното успение, а нејзиниот главен празник паѓа во месец септември. Света Ана потекнуваше од Левиевото колено (еврејско свештеничко колено). Татко и беше свештеник по име Матан. Проживеа долг и богоугоден живот и во длабока старост се претстави пред Бога.